Апликацијата мБанка на Комерцијална банка АД Скопје стана достапна и за корисниците на новите модели мобилни телефони Huawei.
Корисниците на мБанка кои немаат Google Play Services, апликацијата за мобилно банкарство може да ја користат на платформата Huawei AppGallery. Апликацијата мБанка на едно место преку вашиот мобилен телефон овозможува повеќе услуги – увид на вашите сметки, трансакции и плаќања.
мБанка на платформата Huawei AppGallery може да ја инсталирате преку следниот ЛИНК.