ПОВЕЌЕ

    Британија ќе им исплаќа бонуси на работодавците што ќе вратат работници

    Време зa читање: < 1 минутa

    Британската влада ќе проба да ја отстрани кризата со невработеноста преку исплата на бонуси за компаниите што ќе ги враќаат работниците отпуштени поради корона-кризата, најави британскиот министер за финансии Риши Сунак.

    Според тој план, работодавецот за секој работник вратен на работа ќе добие бонус од 1.000 фунти откако кон крајот на октомври ќе заврши државната програма за субвенционирање на платите на оние што се отпуштени поради корона-кризата.
    Преку програмата за зачувување на работните места, британската влада ги субвенционира платите на девет милиони работници, што е еквивалент на повеќе од третина од вкупно вработените во приватниот сектор, а ги поддржува и платите на два милиона самовработени, потсетува „Ројтерс”.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично