ПОВЕЌЕ

    Андреја Јосифовски купи уште 80 акции од Макпетрол

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во сопственост на Андреја Јосифовски се дополнителни 80 акции на Макпетрол. За промената, од компанијата информираа преку Македонска берза.

    „Известуваме дека претседателот на Управниот одбор Андреја Јосифовски, се стекна со 80 обични акции од издавачот Макпетрол А.Д. – Скопје“, наведено е во објавата.

    Не е познато по која цена се купени овие акции. Според берзанските податоци, по вчерашното тргување акцијата на најголемиот дистрибутер на горива имала просечна вредност од 114.460 денари. Проследена со дневен пад од три проценти. Во текот на денот била истргувана една акција.

    Податоците од веб-страницата на Макпетрол велат дека друштвото има издадено вкупно 112.382 обични акции. Од нив, 101.144 акции се со право на глас.

    Инаку, најголем акционер на оваа компанија е командитното друштво Оилко. А, таму, најголеми акционери се Макпетрол и Андреjа Јосифовски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично