ПОВЕЌЕ

    АНАЛИЗА:Квадрат во Белград продаден за 9600 евра, колку e платен најскапиот квадрат во Скопје?

    Време зa читање: 4 минути

    Побарувачката за станови во големите градови, особено во главниот град и натаму се одржува на стабилно ниво, а тоа пак придонесува цените на недвижностите да одат во нагорна линија. И банките во меѓувреме почнаа да нудат се поконкурентни станбени кредити со ниски каматни стапки што и покрај ковид кризата овој пазар го одржуваат постабилен. Ситуацијата е слична и во регионот. Што покажуваат податоците за цената на недвижностите кај нас и во соседството?

    Македонија-Според последните податоци на Наrодната банка цена на квадрат за една година, односно прв квартал годинава споредено со прв квартал лани е зголемена за 3,2 проценти.Тоа пак значи ако метар квадратен ве чинел 1000 евра сега ќе ве чини 1032 евра или стан од 55 квадрати купен за 55.000 евра во 2020 сега би се продал за 56.760 евра.

    Според градежниот експерт Никола Велковски најскапите станови се продаваат во Скопје, а се движат од 1450 до 1500 евра за метар квадартен.Според него токму и најскапиот квадрат е продаден по цена од 1500 евра во зградите на Водно. Кај нас, вели тој се уште нема такви луксузни станови кои би се продавале по повеќе илјади евра за метар квадратен.

    Велковски посочува дека во поатрактивните општини Центар, Карпош и Аеродром цената на становите се движи од 1000 до 1250 евра за метар кавдаретн. Во периферните скопски населби како Гази Баба и сега новите згради што се градат кај зградата на Мерцедес чинат околу 850 евра за метар квадратен.

    Околу 800 евра е метар квадратен и во новите згради во останатите градови низ земјава.

    Србија -Најновите податоци за март покажуваат зголемување на цената на становите во периферијата на Белград, но и во другите големи градови, за цели 9 проценти за еден месец.Белград е на четвртото место на листата на најскапи градови во Европа според цените на недвижностите во однос на приходите, што неодамна беше објавено на веб-страницата „Нумбео“, која се смета за најголема база на податоци на трошоци за живот и квалитет на живот.

    Односот на цените на недвижностите и просечниот приход во Белград е висок 19,77. Престолнината на Србија е така зад Москва (сооднос 21,12), која е на прво место, Париз (20,97) и Сплит (19,77), и пред Владивосток (18,63), Гдањск (18,31), Прага (17,97) и Милано ( 17,85)

    Сепак и покрај ваквите бројки продажбата на станови кај северниот сосед оди без проблем. Минатата година во Србија се продадени недвижнини во вредност од околу 4,2 милијарди евра. Најскапиот квадратен метар на стан во Србија во 2020 година е продаден во „Белград на вода“ и чинел дури 9.600 евра. Инаку просечната цена на новите станови во Србија се движи околу 1.400 евра.

    Хрватска -Просечната цена на квадратен метар стан во Хрватска во втората половина на минатата година изнесува 1.670 евра, што е за 1,2 проценти повеќе отколку во истиот период во 2019 година, покажуваат податоците на Централното биро за статистика (ЦБС).

    Цените на становите скокнаа најмногу во Риека, Осиек, но и во Загреб, каде просечната цена на квадратен метар во нова зграда е 1.820 евра, а во другите населени места 1.470 евра.

    Црна Гора-Според податоците на Државниот завод за статистика Монстат во Црна Гора, просечната цена на квадратен метар на стан во нова зграда во четвртиот квартал од минатата година била 1.007 евра и за 15 проценти повисока отколку во третиот квартал. Просечната цена на квадратен метар стан во нова зграда во Подгорица во последниот квартал на 2020 година изнесува 985 евра, додека на црногорското крајбрежје изнесуваше 1.359 евра.

    Колку треба да работиме за стан?

    Порталот Bright Side пресметал колку години луѓето што живеат во различни земји ќе треба да работат за да заштедат доволно пари за да купат стан во главниот град. Пресметката е направена врз основа на месечната плата и просечната цена за купување стан од 50 квадратни метри надвор од центарот на градот, а тие пресметале дека целата плата ќе биде дадена за станот.

    Пресметавме и каде се наоѓаме на оваа листа, па според овие критериуми, заклучокот е дека ни требаат 12,7 години да заштедиме за стан. Затоа што, ако земеме дека просечната цена на метар квадратен е околу 1.000 евра, тоа значи дека стан од 55 квадратни метри чини 55.000 евра.

    Ако земаме просечна плата од 360 евра  што е 4.320 евра за година и целата како рата ја исплаќаме за станот, ќе ни требаа 12,7 години да го отплатиме.

    Редакција Пари

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично