ПОВЕЌЕ

    Америка разочарана од европските санкции

    Време зa читање: 2 минути

    „Соединетите држави се разочарани од постапките на ЕУ. „ЕУ постојано ја истакнуваше својата посветеност кон правилата на Светската трговска организација (СТО), но оваа изјава покажува дека тие го прават тоа само кога тоа им одговара“, рече Лајтхајзер во изјавата.

    Преговорите со Соединетите држави очигледно не донесоа ништо ново во последниот месец, откако СТО одобри воведување контрамерки, со проценка дека САД го нарушуваат глобалниот пазар на авиони затоа што го субвенционираат Боинг.

    Брисел има право да наметнува казнени давачки на Соединетите држави до вредност од четири милијарди долари, а Вашингтон минатата година доби дозвола од СТО да оптоварува производи од ЕУ во вредност од 7,5 милијарди долари годишно, поради европските субвенции на Ербас, објави Ројтерс.

    Лајтхајмер минатиот месец рече дека воведувањето на даноците на ЕУ ќе ги принуди Соединетите држави да воведат контрамерки, но изјавата во понеделникот не содржи таква закана и според Ројтерс, неговиот кабинет соопшти дека двете страни продолжуваат со преговорите за решавање на спорот, кои започнаа во 2004 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично