ПОВЕЌЕ

    Џеф Безос сметаше дека постоело само „30% шанса“ Амазон да успее

    Време зa читање: 2 минути

    Јас им реков на моите родители дека многу е веројатно дека тие ќе ја изгубат целата своја инвестиција. Но не испадна баш така.

    Благодарение на успехот на Амазон, извршниот директор Џеф Безос е најбогатата личност во светот, вреден 207 милијарди долари, според индексот на милијардерите на Блумберг.

    Но, кога го започна Амазон во 1994 година, Безос сметаше дека постојат големи шанси неговиот бизнис да пропадне.

    „Мислев дека има 30% шанса да изградиме успешна компанија“, му рече Безос на Џон Стофлет во интервју за КИНГ-ТВ во 2000 година. „Никогаш не мислев дека ќе го изградиме она во што се претвори Амазон, и јас сум најмногу изненаден од сите.“

    Всушност, Безос им рече на своите родители – кои му дадоа 245.573 американски долари во 1995 година, дека е „многу веројатно дека ќе ја изгубат целата своја инвестиција во компанијата“, рече тој за „Вечер магазин“.

    Започнувањето со Амазон беше коцка за Безос: Тој остави стабилна работа во Хеџ фонд во Њујорк и се пресели во Сиетл за да ја започне Амазон од својата гаража во време кога повеќето луѓе не знаеја ни што е Интернет.

    И иако родителите на Безос дадоа финансиска поддршка, тие исто така беа загрижени за неговата одлука. „Не ја напуштај работата“, го предупреди неговата мајка Џеклин Безос, според неговиот татко Мајк Безос.

    Очигледно сето тоа му успеа на Безос. Амазон почна да котира на берзата во 1997 година, а денес компанијата вреди околу 1,7 трилиони долари.

    „Она што навистина се случи во текот на последните 25 години е далеку од моите очекувања“, рече Безос за време на разговор во Индија во јануари. „Се надевав дека ќе изградам компанија, но не и компанија како што ја гледате денес“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично