ПОВЕЌЕ

    Амазон во Ирска ќе отвори нови 1.000 работни позиции

    Време зa читање: < 1 минутa

    Компанијата „Амазон“ најави дека во Ирска, во следните две години ќе отвори компјутерски центар, во кој ќе се вработат илајда луѓе, со што бројот на вработени во компанијата во земјата ќе се искачи на 5.000 лица.

    Компјутерскиот центар на „Амазон“ ќе биде лоциран во Даблин. „Амазон“ е присутна во Ирска повеќе од 15 години.

    Во Ирска корпоративниот данок е 12,5 проценти, што е втор најнизок данок во Европска Унија, и помага во привлекување на американските мултинационални корпорации како „Фејсбук“, „Гугл“ и „Твитер“.

    Во Ирска околу 250.000 луѓе работат во странски компании.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично