ПОВЕЌЕ

    Со новата алатка на Амазон, и тие кои не се програмери ќе можат да развиваат апликации

    Време зa читање: 3 минути

    • Амазон лансира cloud услуга која ќе биде наменета за развој на апликации за луѓе кои не се програмери.
    • Амазон веќе е лидер на  пазарот за cloud услуги и сега ја проширува својата постава за cloud производи со алатка за луѓе кои не кодираат. 

    Cloud услугата се вика Honeycode и ќе се натпреварува со алатките на Google и Microsoft.

    Овој потег може да им помогне на веб-услугите на Амазон да ја прошират својата публика над програмерите. AWS го предводи пазарот за cloud инфраструктура, и е пред Google и Microsoft. Како што воведуваат повеќе услуги, AWS има за цел клиентите на долг рок, да трошат повеќе пари.

    Honeycode има визуелен интерфејс што луѓето можат да го користат за да градат апликации за најразлични намени, вклучувајќи распоред за управување со задачи и следење на клиенти, се вели во соопштението на AWS. Вработените во Амазон веќе го искористиле Honeycode за да го испланираат започнувањето на услугата, а Меера Вајдијанан, генерален директор на АВС, ја искористила за да управува со главната сметка во нејзината организација, рече таа во интервјуто. 

    Услугата е бесплатна за најмногу 20 корисници и 2500 редови на податоци во табелата што е дел од производот. AWS ќе наплатува врз основа на складирање и број на корисници. Долгогодишните клиенти на AWS, Slack и SmugMug се меѓу оние што планираат да ја користат услугата, велат од компанијата. Услугата е достапна денес. 

    Најавата доаѓа неколку месеци по заминувањето на Адам Босворт, кој работел во Google, Microsoft и Salesforce, пред да се приклучи на AWS како заменик претседател во 2016 година. Босворт го создаде и водеше развојот на производ што со години се чуваше во тајност, но се очекуваше да биде софтвер што луѓето можат да го користат за да напишат апликации со малку или без кодирање. 

    Со години, AWS беше популарен меѓу професионалните програмери за нудење на услуги за далечинско складирање. Во последниве години, Амазон се обидува да се раздели со апликации засновани на cloud за помалку технички корисници, како што е услугата за видео повик Chime, но AWS имал помалку успех со тие напори. 

    Погледнете какви профити книжат финансиските друштва за брзи кредити во земјава.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично