ПОВЕЌЕ

    Алкалоид исплати дивиденда-акцијата над 15.581 денар

    Време зa читање: 2 минути

    АЛКАЛОИД АД Скопје од вчера започна со исплата на дивиденда за 2020 година. Право на исплата на дивиденда за 2020 година имаат сите акционери на АЛКАЛОИД АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на ден 22.04.2021 година.

    Aкционерите добија дивиденда за 2020 година во висина од 360 денари нето, односно 400 денари бруто за акција.

    Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2020 година беше 20-ти април.Прв датум на тргување без право на дивиденда за 2020 година беше 21-ви април.Датум на стекнување на право на дивиденда за минатата година е 22-ри април.

    “Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на четврти март донесе предлог одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2020 година во износ од 400 денари бруто, односно 360 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 360 денари бруто, односно 324 денари нето е поголема за 11% на нето основа“, стои во Образложението на предлог одлуката за утврдување на датуми при исплата на дивиденда за 2020 година.

    Во моментов акцијата на Алкалоид на берза се тргува по цена од 15.581 денари и бележи раст од 0,36 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично