ПОВЕЌЕ

    Алибаба планира да издаде обврзници во вредност од најмалку пет милијарди долари 

    Време зa читање: 2 минути

    Kинеската компанија Алибаба планира да собере најмалку 5 милијарди долари овој месец со продажба на корпоративни обврзници деноминирани во долари.

    Во зависност од одговорот на инвеститорите, износот на задолженост може да достигне 8,0 милијарди долари, што овој кинески лидер во електронската трговија најверојатно ќе ги искористи за покривање на општите трошоци на компанијата, изјави еден од изворите.

    Собирањето средства ќе биде тест за расположението на инвеститорите кон Алибаба, во услови на засилен надзор на регулаторот врз деловното работење на оваа компанија и нејзината филијала подружница Ант Груп.

    Кинеските регулатори започнаа антимонополска истрага против „Алибаба“ и, и наложија на„ Ант груп “да ги промени практиките за позајмување и други зделки за финансирање на потрошувачи, откако основачот на Алибаба, Џек Ма, ги критикуваше финансиските регулативи на земјата во октомври минатата година

    Оваа недела, СЕЕбиз напиша дека основачот на Алибаба, Џек Ма, практично исчезна од јавноста во изминатите два месеци.

    Планот за продажба на обврзниците, вклучувајќи ги и роковите, сè уште не е завршен и е предмет на промена, велат извори на Ројтерс, чиј идентитет не е откриен, бидејќи тие не се овластени да разговараат со медиумите. Алибаба одби да коментира по ова прашање.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично