ПОВЕЌЕ

    Акцијата на Комерцијална банка се проби над 10.000 денари откако Хари Костов купи акции

    Време зa читање: < 1 минутa

    Акцијата на Комерцијална банка се проби над 10.000 денари по објавата дека директорот на банката Хари Костов купи нови 3.500 акции.

    Во моментов според податоците на Македонска берза една акција на Комерцијална банка чини 10.016 денари и бележи раст од 1,09 проценти.

    Хари Костов вложи околу 34 милиони денари или некаде околу 552 илјади евра во акции на „Комерцијална банка“. Овој чекор од банката го најавија како охрабрувачки сигнал за акционерите кои имаат акции во банката, тие да не ги продаваат, а воедно и мотив да се охрабрат нови инвиститори да купат акции од банката. Секако оваа информација позитивно влијаеше врз цената на акцијата на банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично