ПОВЕЌЕ

    ,,Пошта” бара 50 вработувања, на сметка минус од 1,5 милион евра

    Време зa читање: 2 минути

    Како работи АД ,,Пошта на Северна Македонија”? Директорот Јани Макрадули вчера најави дека Пошта има потреба од 50-ина нови вработувања со цел подобрување на технолошкиот процес. Според податоците на платформата БизнисМрежа.мк во последните пет години најмногу вработени оваа државна фирма забележала во 2016-та година кога имала 2.237 вработени или 227 работници повеќе од минатата година.Во последните две година АД Пошта работи со загуби.

    • Во 2020 во АД Пошта се регистрирани 2.010 работници
    • Пошта во 2019-та остварила приход од 19,5 милиони евра. Сепак годината ја завршила со минус на сметка од еден милион евра.
    • Во 2020 година оваа државна фирма забележала помал приход од 19 милиони евра. Сепак загубата кај профитот се зголемила, па лани АД Пошта генерирала загуба од 1,5 милион евра.

    Генералниот директор на АД Пошта на С.Македонија, Макрадули вчера истакна дека приоритет на Управниот одбор е да го подобрат технолошкиот процес во Пошта, кој има потреба од 50-тина нови вработувања.

    -Како компанија имаме потреба од нови вработувања, но се уште немаме објавено оглас. Старосната структура во Пошта е многу висока и 56 луѓе веќе заминаа во пензија, повеќето од нив со високо образование. Во овој период има и многу поштари разнесувачи кои го оствариле правото на пензија и заминуваат. Мораме да најдеме решение, бидејќи согласно Законот за поштенски услуги во секоја од 340-те поштенски единици мораме да имаме и поштари, рече Макрадули во одговор на прашање по посета на Поштата ЕПМ 1013 Шуто Оризари.

    Покрај одењето во пензија, додаде, имаме и една појава која ја испитуваме сега што влијае на одвивањето на технолошкиот процес зашто Согласно Закон, мораме да ги покриеме сите региони со поштари.

    -Согласно законот и колективниот договор повеќе луѓе го користат правото на неплатен одмор во траење од три месеци. Тоа е една негативна појава која не е присутна само кај нас, туку  ја има во многу институции. Проверуваме каде се тие луѓе и дали се во држава, но сепак законот им дозволува и затоа во вој момент трпи одреден дел од доставата, прецизира Макрадули.

    Нагласи дека има и одредени места низ  државата каде нема внатрешен кадар со високо образование што може  да го префрлат или да го преместат.

    Редакција Пари

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично