ПОВЕЌЕ

    Од први октомври во сила новите решенија за извршителите-кај висината и отписот на каматата

    Време зa читање: 3 минути

    Со две решенија за отпис на камати и промена на законот за извршување ќе се одблокираат десетици илјади жиро сметки на граѓани. Премиерот Зоран Заев смета дека со предложените законски решенија ќе се реши горлив проблем за сиромашните граѓани.

    „Првото решение е каматата не може да биде поголема од главниот долг. Второто решение кое се надевам дека ќе го поддржат е застареноста да биде пресечена на 10 години, а каматите по 10 година да не се пресметуваат. Ако по 10 години продолжат да сметаат затезни камати, тоа е виртуозен круг во кој се влезени граѓаните. Тоа е пресметан ризик и треба да го отпишат како побарување, кога по 10 години не успеале да го наплатат побарување. Реакцијата на граѓаните беше дека на сметка од 1000 денари, стигаат по 2000-3000 камати, па судски и извршителки пресметки, стигаа до 20.000 денари“, рече Заев.

    Присилната наплата сепак останува и покрај измените во законот според кои каматата не смее да биде повисока од долгот. Измените во законот за облигациони односи ги збуниja граѓаните. Дали ќе важи за сите долгови и кои камати се опфатени. Во законот јасно стои дека  се однесува само на договорните,  а не на затезните камати, велат од Комората на извршители. Затоа ги предупредуваат граѓаните – да внимаваат, во моментот кога кај нив се  поднесува барањето за присилно извршување, договорните камати престануваат да важат. Се пресметуваат  затезните, односно казнените  кои се доста повисоки и надминуваат 11%.

    -Релативно мал дел од предметите пристигнуваат со договорна камата Тоа се оние предмети кои пристигнуваат од договорен однос, по правило со банките. Најголемиот дел од предметите, 99% се предмети за комунални побарувања, неплатени сметки за струја, парно,. телекомуникации, каде што нема договорна камата. Таму има затезна камата. Што значи дека комплетно не се однесува на нив овој закон, изјави Гордан Станковиќ, Комора на извршители.

    Токму заради високите затезни камати, кои неколкукратно го зголемуваат основниот долг на граѓаните, власта најави дека се крои ново законско решение. Ќе се бара после 10 та година да не се пресметуваат казнените камати.

    Инаку измените во законот за облигациони односи ќе почнат да се применуваат од 1 октомври. Целта  е да им се помогне на посиромашните граѓани, кои не плаќање долгови за кредит, струја, комуналии, телекомуникациски услуги.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично