ПОВЕЌЕ
    ПОВЕЌЕ

      НОВ ЛЕТ КОН РУСИЈА: Од Скопје до Санкт Петербург за 80 евра, еве ги часовите на полетување

      Време зa читање: < 1 минутa

      „Нордвинд ерлајнс“ отвара нова авиолинија од 21 септември. Ќе лета од Скопје за Санкт Петербург.

      По линијата Скопје-Москва, ова ќе биде втора редовна линија на рускиот превозник од главниот град на Македонија, а летовите за Санкт Петербург секој вторник.

      Цените на билетите ќе почнуваат од 80 евра, а летот ќе трае 3 часа и 25 минути.

      Поаѓањето од Скопје е во 14:40 часот, а пристигнување во Санкт Петербург во 18:55 часот, додека поаѓањето од Санкт Петербург е закажано за 11:10 часот, а пристигнувањето во главниот град на Македонија е во 13:35 часот.

      Од авиокомпанијата велат дека ќе ги зголемат и двата неделни лета Скопје-Москва на три неделно, почнувајќи од 28 септември.

      14,794Следи нè на facebookЛајк

      слично