Горивата поевтинуваат за половина до 1,5 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58 отсто.
Со одлуката на РКЕ за 0,751 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 35,930 денари.
Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа за околу 3,794 отсто кај бензинот и за околу 2,287 отсто кај дизелот, како и за 0,043 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.