ПОВЕЌЕ

    Џенерал Моторс повлекува 73.000 возила заради дефект, ќе плати една милијарда УСД

    Време зa читање: < 1 минутa

    Американскиот автомобилски гигант „Џенерал Моторс“ на својата веб -страница објави дека повлекува повеќе од 73.000 електрични автомобили „Шевролет Болт“ од пазарот.

    „Џенерал Моторс доброволно го проширува повлекувањето на електричните возила Шевролет Болт произведени во 2019 година и сите возила 2020-2022 година, вклучувајќи го и моделот Болт ЕУВ (електричен СУВ). Во ретки случаи, батериите за овие возила можат да дадат дефекти, што го зголемува ризикот од пожар“, се вели во соопштението.

    Компанијата проценува дека замената на неисправни батерии ќе резултира со една милијарда американски долари вонредни трошоци.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично