ПОВЕЌЕ

    Реплек ќе подели дивиденда, еве колку ќе добијат акционерите

    Време зa читање: 2 минути

    Собранието на Реплек АД Скопје одржано на 22.09.2021 година, на предлог
    на Управниот Одбор на Реплек АД Скопје за распределба на добивката по годишната
    сметка за 2020 година, а врз основа на член 50 од Статутот на Друштвото, ја донесе
    следната:За распределба на остаток од акумулирана добивка на РЕПЛЕК АД од 2020 година, објави компанијата на интернет страната на Македонска берза.

    Со оваа одлука се утврдува распределба на добивката на Реплек АД Скопје за
    исплата на дивиденда во нето износ од 918,00 денари по акција, односно бруто
    износ од 1.020,00 денари по акција во вкупен бруто износ од 26.438.400,00.

    Распределбата ќе се изврши од акумулирана добивка за 2020 година.

    Последен ден на истргувани акции со право на исплата на дивиденда се
    утврдува на 05.10.2021 година, односно за прв ден на истргувани акции без
    право на дивиденда се утврдува 06.10.2021 година.

    Правото на акционерите за исплата на дивиденда ќе се утврди со пресек на евиденцијата во акционерска книга на ден 07.10.2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично