ПОВЕЌЕ

    ЦКБ Банка прикажа 11 пати помала добивка споредбена со истиот период лани

    Време зa читање: 6 минути

    Во вториот квартал од 2021 година, македонската економија сè уште се одвива во услови на пандемија. Најавите за силен трет бран на пандемијата во државата се материјализираа на почетокот од вториот квартал од 2021 година и доведоа до значително отежнати околности за нормално функционирање на населението и на деловните субјекти. Во ситуација на зголемени ограничувања и рестрикции во движењето и во извршувањето на економската дејност, а при бавен и неизвесен процес на вакцинација на населението, се намалија очекувањата за брз излез од кризата и воспоставување нормални текови во функционирањето на економијата. Иако одобрените вакцини ја подигнуваат надежта за пресврт на пандемијата во текот на 2021 година, повторните бранови и новите видови на вирусот предизвикуваат загриженост за резултатот.

    Банката не е имуна на актуелните економски и здравствени текови, иако солидно одговори на предизвикот Ковид-19 во текот на минатата година. Спроведената прва јавна понуда за помош и поддршка на клиентите се оцени како успешна, имајќи предвид дека бројот на клиенти не се намали, а ризичниот профил на Банката остана одличен. Со крајот на првиот квартал од 2021 година, завршува периодот со поволности од втората јавна понуда, при што не се очекуваат посериозни проблеми имајќи предвид дека обемот на истата беше значително помал од првата. Во 2021 година се очекува неутрализирање на негативните ефекти и побрзо опоравување на економијата во целина.

    Во второто тримесечје од 2021 година, Банката прикажа добивка во висина од 739 илјади денари, која што е 11 пати помала од остварената добивка за истиот период лани, кога изнесувала 8.315 илјади денари.

    Заклучно со 30 јуни 2021 година, Банката оствари позитивен финансиски резултат и забележа пораст на вкупната актива/пасива од 2,9% во однос на крајот од минатата година и остварување на поставениот план од 100.08%.

    Вложувањата во државни записи бележат пораст, со што позицијата вложувања во хартии од вредност е повисока во однос на крајот на  претходната година за 10,1% и надминување на планот од 0,06%. Соодветно на тоа, Паричните средства и парични еквиваленти се намалени за 3,14% и бележат исполнување на планот од 98.02%.

    Во второто тримесечје на 2021 година, евидентиран е пораст на кредити на и побарувања од други комитенти за 3,4% во однос на крајот на годината, при што планот е целосно реализиран и надминат за 0.7%. Порастот во најголем дел е оставарен при одобрување кредити на физички лица.

    Позицијата останати побарувања нема значителни промени во однос на крајот од минатата година, а планираната е надмината за 1.7%. Оваа позиција во Билансот на состојба е со висок износ како резултат на евидентираната авансна исплата на пензиите на крајот од месецот.

    Позициите нематеријални средства и недвижности и опрема бележат пад во однос на крајот на минатата година, што се должи на континуираната амортизација на овие средства.

    Позицијата депозити на други коминтенти бележи пораст од 3,3% во однос на крајот од годината, при што планот е целосно реализиран и надминат за 0,14%.

    Преземените активности во доменот на управувањето со изворите на средства, доведоа до намалување  на расходите за камати за 15,4% заклучно со второто тримесечје од 2021 година во однос на истиот период минатата година. Остварените расходи за камати во 2021 година, во однос на планираните, се пониски за 7,3%.

    Наспроти нагорниот континуитет на кредитна активност во сегментот население, во услови на висока конкуренција, Банката оствари пониски приходи од камати за 3.3% во споредба со истиот период минатата година. Остварените приходи од камати заклучно со второто тримесечје на 2021 година, во однос на планираните, се пониски за 4,6%. Во услови на континуиран тренд на намалување на активните каматни стапки, при намалени каматни стапки на благајничките записи, како една од мерките поврзани со здравствената криза, со намалувањето на расходите од камати, Банката успеа да оствари нето-каматен приход повисок во однос на истот период претходната година за 2,5%.

    Во првото полугодие на 2021 година, како резултат на привлечени нови клиенти во Банката во текот на претходната 2020 година, забележан е пораст на приходите од провизии за 38,3% во однос на истиот период минатата година или подобрување од 21.1 милиони денари. Тој пораст придонесе кон пораст на позицијата нето-приходи од провизии и надомести  за 33,2% или 11,4 милиони денари, во однос на истиот период претходната година, додека планот е исполнет со 96,5%.

    Во однос на позицијата трошоци за вработените, забележан е пораст од 3% како резултат на намалениот број боледувања кај вработените, во однос на истиот период минатата година. Планот е целосно реализиран и надминат за 0,9%.

    Позицијата останати расходи од дејноста бележи незначителна промена во однос на истиот период минатата година. Остварени се и пониски останати расходи од дејноста за 4,0% во однос на планот.

    Останатите приходи од дејноста се пониски во однос на претходната 2020 година и во однос на планираните за периодот како последица на неостварени приходи врз основа на капитални вложувања во други финансиски друштва.

    Заклучно со второто тримесечје на 2021 година, реализирани се пониски нето–приходи од курсни разлики за 44,1% во однос на минатата година.

    Расходите за амортизација бележат пад од 1,9% во однос на истиот период минатата година и 6,8% во однос на планираните, како резултат на одложени набавки на основни средства.

    Заклучно со 30 јуни  2021 година,  евидентен е порастот во резервациите на правни лица, при што е издвоена исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа во износ од 19.6 милиони денари, односно забележано е влошување на оваа позиција за 15,5 милиони денари во однос на истиот период минатата година.

    Исплатени дивиденди

    Во второто тримесечје на 2021 година, Банката не исплати дивиденда.

    Вложувања или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

    На 30 јуни 2021 година, недвижностите и опремата бележат намалување од 1,9% во однос на минатата година, што во основа се должи на пресметаната амортизација на направените вложувања.

    Заклучно со 30.6.2021 година, извршена е редовна замена на застарената ИТ-опрема и ставена е во употреба апликацита за мобилно банкарство. Останати посериозни вложувања во позицијата недвижности и опрема не се појавуваат во првото полугодие од 2021 година.

    Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми од 30%)   

    Во текот на 2021 година нема промена во позицијата Обврски по кредити. Во овој период, Банката нема нови кредитни линии.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично