Скопски пазар АД Скопје за периодот Јануари – Јуни 2021 оствари позитивен финансиски резултат искажани во неревидираниот и неконсолидиран Биланс на успех.
Градежните објекти кои се состојат од канцелариски, магацински и деловен простор, дадени под услов на оперативен наем и класифицирани во недвижности за изнајмување по пат на пренос согласно нивната пренамена, до датумот на нивната пренамена и при иницијалното признавање се евидентирани согласно МСС 16 по набавна вредност. Последователно се признаени по нивните објективни вредности, кои претставуваат пазарни вредности, утврдени од страна на надворешни проценители со соодветно искуство. Разликата помеѓу претходно евидентираната вредност и објективната вредност е признаен и се третира во согласност со МСС 16, како ревалоризациона резерва во рамките на капиталот на Друштвото. Последователното мерење на градежните објекти (канцелариски, магацински и деловен простор) кои се издаваат под оперативен наем, кои се иницијално признаени по моделот на објективна вредност, се врши со повторна проценка на нивната објективна вредност. Добивката или загубата која произлегува од промената на објективната вредност се признава во добивката или загубата во периодот во кој настанала согласно МСС 40.
Остварените вкупни приходи во периодот Јануари – Јуни 2021 година изнесуваат 139.912 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат зголемување од 8%. Актуелната пандемија со Covid 19 имаше влијание на висината на приходите пред се поради стопанисување во отежнати услови на голем дел од стопанските субјекти кои се закупци на деловен простор од Друштвото.
Остварените вкупни расходи во периодот Јануари – Јуни 2021 година изнесуваат 98.152 илјади денари и во споредба со истиот период од 2020 година бележат зголемување од 6,73%. Растот на расходите се должи пред се на оперативните расходи согласно зголемените оперативни активности. Во овој период Друштвото редовно ги измируваше сите тековни обврски.
Просечниот број на вработени за вториот квартал изнесува 142, со намалување од 3% во споредба со истиот период во 2020 година. Трошоците за вработените се намалени за 2%.
Скопски пазар АД Скопје за периодот Јануари – Јуни 2021 година оствари добивка од 41.760 илјади денари што преставува зголемување за 12% во однос на истиот период од минатата година.
Дивиденда
На редовното Годишно собрание одржано на 31.05.2021 година не беше донесена одлука за исплата на дивиденда за 2020 година.
Согласно одлуките на Годишното собрание на акционери, остварената нето добивка за 2020 година на износ од 107.113.421 илјади денари се распредели за инвестиции и акумулирана добивка согласно одлуката за распределба на добивката. страна 2 I 3 Скопски пазар АД – Скопје
Нагласени позиции од Билансот на успех за период 01.01. до 30.06.2021 година
Остварените резултати од работењето за периодот Јануари – Јуни 2021 година, структурата, динамиката и споредбите со остварувањата во претходната година е прикажана во следната табела:
Приходите од продажба се зголемени за 9% споредено истиот период од 2020 година.
Друштвото во континуитет реализира стабилни приходи од издавање на деловен простор и недвижности со тенденција значајно да ги подобрува севкупните деловни резултати преку издавање на севкупниот недвижен имот расположив за издавање .
Оперативни расходи се зголемени за 8% споредено со истиот период од 2020 година.
Финансиските расходи се намалени за 7%.
Добивката пред оданочување за период Јануари – Јуни 2021 година изнесува 41.760 илјади денари.
Вкупната сеопфатна добивка за период Јануари – Јуни 2021 година изнесува 41.850 илјади денари.
Нагласени промени во Билансот на состојба на ден 30.06.2021 година
Материјални средства и вложувања во недвижности
Недвижностите за изнајмување кои се во сопственост на Друштвото и се состојат од градежни објекти (магацински и деловен простор) се иницијално признаени по објективна вредност, која претставува пазарна вредност утврдена од страна на надворешни проценители и ефектот од проценката е признаен како ревалоризациона резерва во рамките на капиталот на Друштвото,
Последователно, со состојба на 31.12.2020 година извршено е повторно мерење на објективната вредност на вложувањата во недвижности и ефектот од нејзината промена е признат како вредносно усогласување на нетековни средства за периодот за кој претходел и за кој се изготвува извештајот.
Друштвото за првите шест месеци од 2021 година изврши инвестирање во вкупен износ од 54.349 илјади денари.
Тековни средства и платени трошоци за идните периоди и пресметани приходи (АВР) Тековните средства и АВР се намалени за 14%, пред се поради намалување на залихите и побарувањата од купувачи. Сепак кај побарувањата од купувачи евидентни се потешкотии за наплата на истите пред се поради отежнатите услови за работење на многу стопански субјекти поради пандемијата со Covid 19 што резултира со намалена ликвидност кај субјектите кои се корисници на деловен простор под наем од Друштвото. страна 3 I 3 Скопски пазар АД – Скопје
Обврски и одложено плаќање на трошоци и приходи на идните периоди (ПВР)
Вкупните обврски и ПВР на 30.06.2021 година се намалени за 8% во однос на истиот период во 2020 година.
Обврските кон добавувачите се намалени за 23.199 илјади денари што преставува намалување за 33% во однос на истиот период во 2020 година.
Обврските кон државата се намалени за 1.179 илјади денари што преставува намалување за 35% во однос на истиот период во 2020 година.
Долгорочните финансиски обврски се зголемени за 29.241 илјади денари или зголемување за 7%.
И покрај потешкотии во наплатата на побарувањата од купувачи како последователен ефект од Covid 19 пандемијата, Друштвото одржуваше оптимална ликвидност и навремено ги сервисираше тековните обврски кон добавувачите, банките и државата.
Главнина и резерви
Главнината и резервите се зголемени за 6% или 111.694 илјади денари. Друштвото во целост ги користи сите потенцијални извори на финансирање заради севкупното подобрување на финансиска стабилност и ликвидност. Во наредниот период согласно планот на Друштвото покрај воспоставената редовна динамика на вложувања во основни средства, се очекува и финализација на проектот Реконструкција на Бит пазар и пуштање на истиот во употреба со целиот свој капацитет.