ПОВЕЌЕ

    НЛБ БАНКА ИМА ЗОШТО ДА СЕ РАДУВА: За 6 месеци оствари 20,4 милиони евра бруто добивка

    Време зa читање: 5 минути

    Во периодот од 01.01.2021 до 30.06.2021 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2021-та година, прилагодувајќи го работењето на изменетите пазарни услови поради пролонгираната пандемија од КОВИД-19, која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија, иако во вториот квартал од годината беа направени делумни олабавувања на рестриктивните мерките. Во такви услови, целта на Банката, како една од водечките финансиски институции, е да ја зачува високата ликвидност и солвентност, да го задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди и да обезбеди финансиска поддршка на клиентите.

    И во првата половина од 2021 година, Банката продолжи да остварува позитивни резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со продукти и платни сервиси. Во овој период, Банката се насочи кон имплементација на стратешките иницијативи во инвестиции во дигитализација и нови технологии, со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како поедноставни, поевтини и побезбедни начини на извршување на банкарските трансакции.

    Инвестициите во дигитализацијата, подобрениот квалитет на средствата, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати во изминатата година, во првиот квартал од 2021-та беа наградени од:

    -Финансискиот магазин ЕМЕА на Europe Banking Awards 2020 каде НЛБ Банка АД Скопје e избрана за Најдобра банка во C. Македонија.

    Заклучно со 30.06.2021 година билансната сума изнесува 100.513.734 илјади МКД, односно се зголеми за 3.968.521 илјади МКД или 4,1% во однос на 31.12.2020 година.

    Паричните средства и паричните еквиваленти изнесуваат 18.795.417 илјади МКД и бележат зголемување од 6,9% во однос на 31.12.2020 заради зголеменa состојба на краткорочни депозити во банки.

    Кредитите и побарувањата од банки бележат намалување од 502.011 илјади МКД во однос на 31.12.2020. Вкупните Кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 60.425.121 илјади МКД и бележат зголемување од 4,2% во однос на 31.12.2020. И покрај продолжената ситуација со КОВИД-19 во земјата, кредитирањето кај домаќинствата се зголеми и тоа во сегментот кредити за домување и потрошувачки кредити.

    Вложувања во хартии од вредност изнесуваат 17.327.055 илјади МКД и се зголемени за 5,9% во однос на 31.12.2020 како резултат на зголеменото вложување во еврообврзници.

    Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања во однос на 31.12.2020 година се намалени за 1,2%. Намалувањето се должи на редовни годишни исправки на вредноста на нефинансиските средства согласно регулативата на НБРСМ.

    Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) изнесуваат 82.442.214 илјади МКД и во однос на 31.12.2020 година се зголемени за 2.662.375 2 илјади МКД или за 3,3%. Зголемувањето на депозитите се должи на нови клиенти од сегментот домаќинства кои се приматели на пензии, плата и други видови примања, нови клиенти кои ги користат физичките и електронските платни сервиси на Банката и нови клиенти од сегментот нефинансиски правни лица, како и на зголемувањето на приливот на средства на сметките на постојните клиенти во домашна и странска валута.

    Обврски по кредити се зголемени за 51.153 илјади МКД или за 12,1%.

    Субординираните обврски се на исто ниво во однос на 31.12.2020 година.

    Акционерскиот капитал и резервите на Банката се зголемени 8,2% и изнесуваат 14.514.091 илјади МКД.

    Нето каматните приходи, заклучно со 30.06.2021 година се пониски за 0,3% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 2,9%, главно поради пониски каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица и население, додека расходите по камати се пониски за 20,4% главно поради пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување.

    Нето приходите од провизии се повисоки за 15,4% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 24,5% како резултат од зголемени приходи од ПОС терминали, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и повисоки приходи од трансакциски сметки. Расходите за провизии се зголемени за 40,9%, главно поради повисоки расходи за картично работење и повисоки расходи за кеш центар.

    Останатите некаматни приходи изнесуваат 672.737 илјади МКД и се повеќекратно зголемени во однос на истиот период претходната година, главно поради остварени повисоки наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население како и поради зголемени приходи од курсни разлики. Вкупните приходи од работење изнесуваат 2.714.368 илјади МКД и се повисоки за 24,1% во однос на истиот период претходната година.

    Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.022.316 илјади МКД и се зголемени за 9,6% при што трошоците за вработени се повисоки за 4,5%, трошоците за амортизација се повисоки за 13,5%, останатите расходи од дејност се повисоки за 14,0% во однос на истиот период претходната година.

    Заклучно со 30.06.2021, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 435.358 илјади МКД или 4,1% помалку во однос на истиот период претходната година соодветно на структурата и квалитетот на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 1.472 илјади МКД.

    Бруто добивката на Банката заклучно со 30.06.2021 година изнесува 1.255.222 илјади МКД и е зголемена за 60,2% во однос на истиот период претходна година.

    Нето добивката на Банката заклучно со 30.06.2021 година изнесува 1.129.700 илјади МКД и е зголемена за 60,2% во однос на истиот период претходна година.

    Во првата половина од 2021 година НЛБ Банка нема извршено исплата на дивиденда, во согласност со одлуката на НБРСМ од февруари 2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично