ПОВЕЌЕ

    Триглав пензиско друштво вработува стручен соработник за управување со инвестициско портфолио

    Време зa читање: 2 минути

    Одлична шанса да се приклучите кон реномирана меѓународна финансиска групација и да станете дел од Секторот за инвестиции како:

    СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ИНВЕСТИЦИСКО ПОРТФОЛИО

    ЗАДАЧИ

    • Следење на случувањата на домашните и странските финансиски пазари и останати настани од интерес на инвестициските портфолија на фондовите;
    • Инвестирање на средствата на фондовите на домашните и странските пазари;
    • Следење на квалитетот на хартиите од вредност;
    • Почитување на условите и ограничувањата од законската и подзаконската регулатива во процесот на инвестирање;
    • Следење на одделни видови на ризици поврзани со портфолијата на фондовите;
    • Подготовка на анализи на финансиски инструменти и предлози за инвестирање;
    • Координирање, следење и надзор на целокупниот процес на инвестирање;
    • Воспоставување на деловни контакти;
    • Менторство и пренос на знаења.

    БАРАМЕ

    • Универзитетска диплома во релевантна област (економија, финансии или еквивалентна област);
    • Професионална квалификација ќе се смета како предност (положено испит за инвестиционен советник или друг соодветен испит од надлежна институција во странство);
    • Активно познавање на англиски јазик;
    • Пожелно, но незадолжително познавање на регулативата од областа на задолжително и доброволно капитално финансирано пензиско осигурување;
    • Одлични комуникациски и организациски способности, како и способност за независна и самостојна работа;
    • Способност за критичко и аналитичко мислење, антиципативно расудување и одлучување, како и усно и писмено известување;
    • Стручно користење на MS Office.

    ПОНУДА

    • Интересна и динамична работа, можност за личен и стручен развој;
    • Работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења;
    • Стручно усовршување, посета на курсеви за дополнување на знаењето;
    • Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје;
    • Дополнителни бенефити при користење на производите на Групацијата;

    Доколку сте заинтересирани и квалификувани за наведената позиција, Ве молиме аплицирајте со поднесување на Вашето CV на македонски јазик на [email protected]

    Пријавувањето можете да го извршите најдоцна до 20 јули 2021 година.

    Единствено квалификуваните кандидати во потесен избор ќе бидат понатаму контактирани.

    Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови
    ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ
    Ул. Бул. 8ми Септември 18, кат  2-Карпош, Скопје
    Емаил: [email protected]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично