ПОВЕЌЕ

    Во засилена контрола на УЈП: Изречени 400 казни за неиздавање на фискални сметки

    Време зa читање: < 1 минутa

    Управата за јавни приходи (УЈП) по завршувањето на најголемиот бран на Ковид кризата спроведе огромен број на контроли кај даночните обврзници за неиздавање фискални сметки на територијата на целата држава и изрече повеќе од 400 глоби, потврди денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска.

    -Уште првата година по воведувањето на апликацијата „МојДДВ“ за граѓаните имавме огромен број на пријави за неиздавање на фискални сметки кои одеа преку анонимни пријави од страна на граѓаните во канцелариите на Управата, преку линијата 198 и на јавни социјални медиуми. Врз основа на тоа сме постапиле насекаде. Направени се огромен број  на акции и на контроли, рече Лукаревска во одговор на новинарско прашање на денешнатапрес-конференција по повод  ,,Две години МојДДВ со граѓаните”.

    Во периодот кога беше најголемиот бран на Ковид кризата, додаде, одевме само превентивно која сите даночни обврзници.

    -По завршувањето на бранот имаме  направено огромен бројна контроли и изречени се повеќе од 400 казни, односно глоби за даночните обврзници низ целата држава, прецизира Лукаревска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично