ПОВЕЌЕ

    Амазон уништува милиони непродадени производи

    Време зa читање: 2 минути

    Седиштето на Амазон во Шкотска уништува милиони непродадени производи и тоа секоја година.

    На видеото што се појави во јавноста, се гледа како лаптопите, телевизорите, накитот, слушалките, книгите и маските за лице се вметнуваат во кутиите со назнака „уништи“.

    Еден поранешен работник во Амазон, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека работниците во магацинот добиле задача да уништат 130.000 предмети и тоа на неделно ниво. Ова е потврдено од снимките кои покажуваат дека во текот на една недела во април, 124.000 предмети биле обележани за уништување.

    Во истата недела, 28.000 производи беа обележани како „донирај“.

    „Нема причина за уништување. Правосмукалки, лаптопи, таблети, спакувани маски… Околу 50 проценти од стоката не е отворена, додека другата половина претставува вратена стока и тоа во добра состојба. „Вработените станаа рамнодушни кон она што од нив се бараше да го сторат“.

    Околу половина од предметите обележани за уништување сеуште стојат спакувани, додека другата половина се вратени предмети кои се во добра состојба.

    Ако 130.000 е неделен просек, тоа би значело нешто повеќе од 6 милиони производи кои се обележани за уништување секоја година. Во 2019 година, тајните репортери во Франција открија дека Амазон уништил над 3 милиони производи за една година.

    Причината за уништувањето е интерната политика на Амазон. Многу трговци низ целиот свет ги чуваат своите производи во магацините на Амазон, но колку подолго стојат, толку е поголема цената. На крајот поисплатливо им е да ги уништат.

    Амазон одговори и рече дека работи на својата цел, а тоа е дека во иднина нема да има уништување на стоките, како и тоа дека приоритет ќе биде препродажба, донирање и рециклирање на непродадените производи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично