Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.05 – 31.05.2021 година вкупниот промет изнесувал 472.874.001 денари и е намален за 31,12 отсто во однос на претходниот месец.
Класичното тргување изнесувало 391.653.595 денари и е намалено во однос на април за 26,14 отсто кога изнесувало 530.254.240 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 386.785.791 денари и обврзници во вредност од 4.867.804 денари.
Блок трансакциите во мај изнесувале 81.220.406 денари и се намалени за 48,04 отсто во однос на април.
Бројот на трансакции во мај изнесувал 1.523 и е намален за 9,40 отсто во однос на април кога изнесувал 1.681.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за мај се на Комерцијална банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.
Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е Макстил Скопје со 47.082 истргувани акции, каде просечна цена по акција изнесувала 91,27 денари.
Месечниот статистички билтен за мај 2021 година можете да го погледнете тука.