ПОВЕЌЕ

    Џеф Безос објави дека следниот месец ќе лета во вселената

    Време зa читање: 2 минути

    Основачот на Амазон, Џеф Безос, ќе полета во вселената со неговиот брат. Тоа ќе биде првиот лет на неговата вселенска компанија Blue Origin, кој ќе превезува луѓе.

    „Уште во мојата петта година, сонував да патувам во вселената. На 20 јули ќе одам на тоа патување заедно со мојот бра “, објави Безос на Инстаграм во понеделникот.

    – Сакам да одам на овој лет, бидејќи тоа е нешто што сакав да го правам цел живот. Тоа е авантура, голема работа за мене – рече Безос, моментално вториот најбогат човек во светот на видеото објавено на Инстаграм.

    На Безос ќе му се придружи и неговиот брат и уште едно лице.

    Вселенскиот брод Нов Шепард, односно ракетата што ја носи капсулата до работ на вселената, изврши повеќе од десет успешни пробни летови без патници.

    Ракетата и капсулата се дизајнирани така што можат да превезуваат шест патници на надморска височина од над 100 километри.

    Датумот 20 јули се совпаѓа со прославата на 52-годишнината од слетувањето на мисијата „Аполо 11“ на површината на Месечината.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично