Американскиот претседател Џо Бајден понуди да го повлече својот предлог за зголемување на даноците на доход за време на разговорите со републиканците за инфраструктурниот пакет.
Според британската агенција, тоа би било голема отстапка за демократскиот претседател во неговите напори да постигне договор и да добие поддршка од републиканците за финансиските средства предвидени со инфраструктурниот пакет.
Бајден понуди да се откаже од плановите за зголемување на даночните стапки на корпорациите на дури 28 проценти и да се утврди минималната даночна стапка што компаниите треба да ја плаќаат наместо сегашните 15 проценти.
За возврат, републиканците ќе мора да се договорат за најмалку 1 трилион долари за нови трошоци во инфраструктурата.
Бајден првично предложи инфраструктурен пакет кој би чинел 2,25 трилиони долари.