ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за продажба на превземен имот – реф. бр.3-05/2021

    Време зa читање: 4 минути

    Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот:

    1. Фабричкиот комплекс во Куманово за производство и чување на замрзната храна која се состои од 8 (осум) згради со вкупна површина од 10.921м2 (поранешен ДС ФУДС Куманово) со опрема која се состои од: линија за производство на црвен пипер, линија за производство на вишна и ФРИГОСКАНДИА тунел за брзо замрзнување со капацитет од 6т/чза минимална/почетна цена од 2.500.000ЕУР.
      Напомена: Банката е во постапката за упис на имотот во имотен лист.

    Производна хала со административен простор во Скопје лоциран на КП 7083/3 за КО Злокуќани со вкупна површина од 1.751м2 со право на сопственост на земјиште под објект и двор со површина од 556м2 за минимална/почетна цена 583.000ЕУР. НАПОМЕНА: над земјиштето на КП 7083/3 постои право на нужен премин (без надоместок) – стварна службеност.
    2. Производен погон во Тетово запишан во ИЛ 38489 за КО Тетово 2 лоциран на ул.Илинденска бр.228 со вкупна површина од 1.281м2  со  земјиште под објект за минимална/почетна цена од 200.000ЕУР;
    3. Куќа во с.Ново село, Струмица со површина од 100м2 (приземје) и право на користење на земјиште од 1815м2 (под зграда и двор) за минимална/почетна цена од 19.100ЕУР

    Продажбата се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори за било какви физички или правни недостатоци на имотот.
    Во цената на имотите под точка 1,2 и 3 не е вклучен  ДДВ од 18% и истиот го плаќа купувачот.
    Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.
    Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.
    Недвижниот имот ќе се продава во готово или  на кредит.

    Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.

    Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:

    • Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со  имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
      –    Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
      –    Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ  не постара од 6 месеци),
      –    Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.
    • На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
      –    цената која се нуди за купување на недвижноста;
      –    согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
      –    согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.

    Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 – МКД 113660111  со назнака: ,,депозит за учество на лицитација”, или да депонираат како залог во СБ средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со минимална/почетна цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со минимална/почетна цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.

    Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.

    Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.

    Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.

    Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР пресметана според  средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето.

    Рокот за доставување на Понудите е 28. 5. 2021 година.

    Дополнителни информации на телефон:  02/3295-280,  02/3295-283

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично