Минатата година Амазон на европски пазарот заработи 44 милијарди евра, но сепак, даночната пријава е изненадувачка. И покрај рекордната продажба, Амазон не плати данок во својата матична европска земја Луксембург – каде што, и покрај успехот во остатокот од Европа, успеа да направи загуба од 1,2 милијарди евра, пренесува Гардијан.
И не само тоа. Амазон доби и „награда“ за „неуспех“ во Луксембург, од каде се грижи за продажба во Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Полска, Шпанија и Шведска.
Европскиот даночен рај со 600.000 жители одобри дополнителни 56 милиони евра даночни кредити на Амазон ЕУ Сарл, со кои може да ги подмири идните даночни сметки во случај на добивка.
Со претходните загуби во Луксембург, компанијата веќе генерираше заеми од 2,7 милијарди евра што може да ги искористи за да го исплати идниот данок на доход.
Амазон плаќа и дел од даноците во земјите во кои работи, но неговата вредност е непропорционална, ако не и занемарлива. Во 2019 година, компанијата заработи 17,5 милијарди фунти во Велика Британија и плати 293 милиони фунти данок.
Износот на оданочувањето за некои европски земји оваа година останува мистерија. Официјалната документација доставена од Амазон до ЕУ Сарл во Луксембург открива колку заработил Амазон во одредени европски земји. Може да се види само дека вкупната заработка се зголеми од 32 милијарди евра во 2019 година на 44 милијарди евра во 2020 година.