ПОВЕЌЕ

    Кој ја има највисоката просечна плата од 70.942 денари?!

    Време зa читање: < 1 минутa

    Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечната нето плата за февруари месец, според кои просечната плата изнесува 27 948 денари и бележи раст од 2,7 проценти споредено со истиот месец лани.

    Според статистичките податоци порастот на просечната плата се должи на зголемување на платите во неколку сектори и тоа:Информации и комуникации (10.1 %), Други услужни дејности (8.2 %) и Рударство и вадење на камен
    (7.5 %).
    Сепак што покажуваат податоците во однос на тоа кој ја има највисоката просечна плата по сектори. И без многу изненадувања со 70.942 денари просечна плата за февруари убедливо на врвот се информатичарите и консултантите.

    По информатичарите со највисоки просечни плати во земјава од 40.000 до 50.000 се уште неколку професии.

    • компјутерско програмирање, консултантски услуги 70.942 денари
    • фармацевтска индустрија 46.720 денари
    • снабдување со електрична енергија и гас 41.443 денари
    • воздухопловен транспорт 43.372 денари
    • телекомуникации 41.742 денари
    • финансиско услужни дејност 45.140денари
    • стручни научни и технички дејности 55.895 денари
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично