ПроКредит Банка како општествено одговорна компанија чие секојдневно работење е насочено кон зголемување на придонесот за зачувување на животната средина и намалување на негативното влијание врз неа, објави дека дури 70 проценти од возниот парк на банката се електрични возила. Од банката велат дека континуирано се залагаат и вложуваат во еко иницијата “СеГрижамДелувамМенувам” која придонесува кон почисто окружување и подобар квалитет на животот.
-Во нашата банка негуваме еден оддржлив модел на управување во кој еколошката и општествената одговорност одат рака под рака со деловните остварувања. Оттука произлезе и иницијативата за целосна промена на нашиот возен парк, како и фактот дека 20% од аерозагадувањето во Скопје е предизвикано од возила на фосилни горива, велат од ПроКредит Банка.
ПроКредит Банка првото хибридно возило го набавила во 2013 година. По позитивното искуство, во 2015 година се набавени 4 електрични возила. Постепено ја зголемувале бројката за сега веќе возниот парк да брои 10 електрични и 1 хибридно или 70% од вкупниот возен парк се електрични возила.
-Овој месец возниот парк го обновивме со 2 нови електрични возила од марката Волскфаген ИД 3. Со што сме првата компанија во земјата и во регионот која ги воведува овие возила во својот возен парк. Електричното возило Волскфаген ИД 3. со едно полнење, се очекува да помине преку 400 километри. Со овие преформанси, ова возило комплетно ги задоволува нашите потреби на патување низ земјата, без потреба за дополнување на батеријата додека сме на пат, истакнуваат од банката.
ПроКредит Банка исто така има и сопствена фотоволтажна централа за производство на струја, која е поставена на кровот на зградата на централната управа. Во моментов 25% од произведената струја целосно ги задоволува потребите на електричниот возен парк.
Исто така, банката има поставено и 3 полначници за јавна употреба на две локации во Скопје.
-Со ова повторно докажавме дека сме чекор пред другите. Издвојуваме сериозни ресурси и имаме организациска поставеност за активно управувањето со животната средина, посочуваат од ПроКредит Банка.
Системот на банката за управување со животната средина е сертифициран со меѓународниот сертификат ISO 14001 и ПроКред Банка претставува првата банка на пазарот со овој сертификат.