ПОВЕЌЕ

    Биткоин се приближува до 60.000 долари после новостите од PayPal, Visa и Dapper Labs

    Време зa читање: 2 минути

    Најпопуларната крипто-валута во светот менуваше раце со околу 58.868 американски долари. Досега оваа година, битоинот се искачи над 100% и доби над 27% во март. За споредба, просечниот индустриски DJIA на DOW JONES, има пораст за 7%, а S&P 500 SPX, доби 4% во месецот до денес.

    „Биткоин има ѕвездена година и работите изгледаат само како да ќе се подобруваат за најголемата крипто-валута во светот по овие најнови корпоративни соопштенија“, напиша Самуел Индик, виш аналитичар на Investing.com, во вторникот во белешката преку е-маил.

    „Всушност, не би било изненадување да се види биткоин да достигне 100.000 американски долари до крајот на годината, бидејќи крипто-валутите добија дополнителен корпоративен интерес и внимание од институционални и малопродажни инвеститори“, додаде аналитичарот.  

    PayPal

    Порастот на средството засновано на блокчејн во вторникот доаѓа кога PayPal изјавија дека ќе започнат да им дозволуваат на своите клиенти во САД да купуваат артикли со крипто-валути.

    Во реалноста, овој потег е дел од постепено, но стабилно интегрирање на крипто во платната инфраструктура на PayPal и многу се очекуваше откако компанијата, уште во октомври, им овозможи на корисниците на PayPal можност да купуваат со биткоин, етериум, биткоин кеш, лајткоин, и други крипто-валути.

    VISA 

    Visa неодамна објави пилот програма со која им овозможува на крипто-платформите да ги префрлат трансакциите направени со издадените VISA картички во долари без да ги конвертираат средствата во фиат валута, и со тоа означувајќи ја првата голема мрежа на плаќања што го користи овој метод.

    Dapper

    Во меѓувреме, приватната канадска компанија за блокчејн технологија Dapper Labs Inc., во вторникот соопшти дека собрала 305 милиони долари од инвеститори, вклучително и легендите на NBA, Мајкл Џордан и Кевин Дурент и други спортисти и познати личности, како што се Стефон Дигс, Ештон Качер, Шон Мендес и Вил Смит. Договорот, предводен од Coatue Management LLC, ја проценува компанијата на 2,6 милијарди долари, според луѓето запознаени со ова прашање. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично