ПОВЕЌЕ

    Најголемиот акционер во „Виз ер“ продаде половина од акциите

    Време зa читање: < 1 минутa

    Најголемиот акционер на унгарската нискобуџетна авиокомпанија Виз ер, Индиго Партнерс продаде околу половина од акциите во таа компанија, пренесува Ројтерс.

    Индиго Партнерс е во сопственичката структура на Виз ер од 2004 година, а основачот на овој приватен капитал, Вилијам Франк, е исто така претседател на Виз ер.

    Тие поседуваа 15 милиони акции или 17,5 проценти од уделот, од кои сега имаат половина, а според агенциите, акциите била продадена за околу 555,5 милиони долари. Купувачите се институционални инвеститори.

    Акциите на „Виз ер“ потонаа 6,5 проценти на берзата во Будимпешта по овие информации.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично