ТТК Банка со својата мрежа на банкомати е присутна во 18 градови во Македонија.
Стремејќи се да биде во чекор со технологијата, и иновативните трендови во банкарскиот сектор, ТТК Банка овозможи дополнителни услуги на банкоматите преку воведување на новaта функционалност „CashIn“.
Отсега корисниците ќе можат да извршат уплата на готовина на својата трансакциска сметка во Банката, а правните лица ќе имаат можност да го уплатат дневниот пазар.
За користење на услугата потребно е корисниците да се идентификуваат со VISA платежните картички.
Постапката за уплата е едноставна и брза додека пак уплатените парични средства се веднаш на располагање по направената уплата.
На овој начин ТТК Банка АД Скопје овозможува подостапни и поедноставни услуги скратувајќи го потребното време и трошоци за уплата и исплата на готовина независно од локацијата и работното време на експозитурите и филијалите.
Мултифункциските банкомати или „CashIn“ банкоматите се на располагање на корисниците во рамките на филијала Скопје на ул. „Народен фронт“ бр. 19а, Скопје, филијала Тетово на бул. „Илинденска“ бр. 2б, Тетово, филијала Битола на ул. „Столарска“ бр. 7, Битола, бул. „Јане Сандански” бр. 26, влез 2, локал 4 Скопје,ул. „Иво Лола Рибар” бр. 18- Гостивар.
Целата мрежа на банкомати е достапна на следниот [ линк ]
Следејќи ги пазарните трендови, ТТК Банка АД Скопје продолжува посветено да вложува во развој на технолошки напредни производи и услуги.