ПОВЕЌЕ

    Информативна содржина на дивидендата

    Време зa читање: < 1 минутa

    Вобичаено, менаџерите имаат подобри информации за работењето на фирмите од надворешните лица. Затоа, акционерите се обидуваат да извлечат информации за квалитетот на фирмите од одлуките за исплата на дивиденди. Притоа, објавувањето повисоки дивиденди најчесто води кон пораст на цените на акциите и обратно, објавувањето пониски дивиденди предизвикува пад на цените на акциите на фирмите. Тоа произлегува оттаму што менаџерите предлагаат повиоки дивиденди само ако очекуваат стабилни добивки во иднина и поради тоа, пазарот на акции реагира поволно на веста за исплата на повисоки дивиденди. Имајќи предвид дека младите фирми што растат, по правило, не исплаќаат дивиденди, кај нив, одлуката за исплата на дивиденда сигнализира дека фирмата навлегла во фазата на зрелост. Најпосле, понекогаш, одлуката за исплата на дивиденда може да се сфати негативно и да доведе до пад на цената на акциите на фирмата. Тоа се случува ако фирмата нема поволни изгледи за инвестирање на добивката поради што добивката им ја исплаќа на акционерите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично