Нов дом, нов лик на домот или остварување на други желби може да си обезбедат граѓаните оваа пролет со најновите кредити на Комерцијална банка, креирани за да ги задоволат нивните потреби така како што ним најмногу им одговара.
Ненаменскиот потрошувачки кредит овозможува шопинг уживање и помало месечно оптоварување на семејниот буџет. Со најновите услови, кредитот е со износ до 30.000 евра, со евро клаузула, а во промотивниот период од 01.03 до 15.04.2021 година може да се добие со рок на отплата до 120 месеци. И, уште поважно, има најниски каматни стапки на пазарот во моментот – 4,7% годишна, фиксна за првите 3 години, и 5,7% годишна, променлива за остатокот од периодот за отплата на кредитот. Овие каматни стапки се за клиенти кои примаат плата во Комерцијална банка. За лица кои примаат плата во други банки, каматните стапки изнесуваат 5,7% годишна, фиксна за првата година, и 6,7% годишна, променлива за остатокот од периодот за отплата на кредитот.
Станбениот кредит е со рок на отплата до 30 години и сега веќе е достапен со каматни стапки од 2,9% годишна, фиксна за првите 5 години, и 3,9% годишна, променлива за остатокот од периодот за отплата на кредитот. Втората опција е да се земе со годишни каматни стапки од 3%, фиксна за првите 10 години, и 3,9%, променлива за остатокот од периодот за отплата.
Повеќе информации за новите кредити на Комерцијална банка се достапни на веб-страната www.kb.com.mk.