ПОВЕЌЕ

    Трифун Костовски: Утре следи мојата официјална колумна

    Време зa читање: 2 минути

    Утре следи мојата официјална колумна со која јавноста ќе биде подлабоко запознаена со сите игри околу стечајот на Еуростандард банка

    Трифум Костовски, човекот кој ја основа пропаднатата Еуростандард банка, по повод денешната објава од страна на Јавното Обвинителство на Република Македонија дека Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел наредба за истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка, побара тие да бидат идентификувани со име и со презиме.

    Лицата против кои ќе биде поведена истражната постапка не се обзнанети, а по мене би било ред да бидат идентификувани со име и презиме, вели бизнисменот и поранешен мнозински акционер на пропаднатата Еуростандард банка, Трифун Костовски во писмена изјава објавена на Фејсбук профилот.

    -После шестмесечен молк од страна на Јавното Обвинителство излегува во јавноста со наредба за истрага во самата Еуростандард Банка. Моите сознанија говорат дека ова е изнуден чин на Јавното Обвинителство да се појави во јавноста после толку многубројни мои апели. Повторувам, во целата истрага мора да се вклучат и лица надвор од банката. Утре следи мојата официјална колумна со која јавноста ќе биде подлабоко запознаена со сите игри околу стечајот на Еуростандард банка, напиша Костовски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично