ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка и Mastercard® со донација од 10.000 евра за помош и грижа на деца со аутизам

    Време зa читање: 2 минути
    Новогодишните и Божиќните празници оваа година, како никогаш досега, ни ги предочија семејните вредности, почитувањето и одговорноста, бесценетоста на помагањето и на грижата за другите. Но, хуманите вредности и општествената одговорност се дел од принципите на деловната практика на Комерцијална банка во континуитет. Ние помагаме за сите да победиме.

    Со истата мисија Комерцијална банка ја започна и новата година, а грижата и помошта овој пат се наменети за децата со аутизам. Банката и Mastercard® во својот проект по повод 25 години соработка обезбедија донација во вредност од 612.308 денари за четири здруженија кои се грижат за помош и поголема инклузивност на децата со аутизам. Финансиска помош добија Македонското научно здружение за аутизам, Здружението на граѓани за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“, Здружението за унапредување на квалитетот на животот на лицата со нарушувања од спектарот на аутизам „Сина светулка“ и Македонската асоцијација за Бочија Штип, за реализација на проекти кои треба да им помогнат на децата со аутизам и на нивните родители полесно да се справат со состојбата во која се наоѓаат, особено во услови на пандемија.

    Хуманиот проект беше спроведен по повод 25 години од издавањето на првата Mastercard картичка од Комерцијална банка, која воедно беше и првата Mastercard картичка во нашата земја. Kампањата „Комерцијална банка и Mastercard® – Заедно за нешто бесценето“ се реализираше во периодот од 15 декември до 8 јануари. Додека нашите клиенти уживаа во празничното пазарување, ние за секоја нивна трансакција направена со картичките Mastercard од Комерцијална банка на продажни места или он-лајн од сопствени средства издвојувавме за донација за деца со аутизам.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично