НЛБ Банка и овојпат ја поддржува иницијативата на Владата на РСМ за исплата на финансиската поддршка на граѓаните во рамки на четвртиот пакет мерки за справување со COVID- 19 кризата.
Со оваа иницијатива се предвидува исплата на поединечна финансиска поддршка во износ од 6.000 мкд и се однесува на следните категории граѓани: граѓани со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 мкд пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. Клиентите можат да проверат дали се корисници на финансиска поддршка и во која банка се распределени, со внесување на својот ембг преку следниот линк https://kupuvamdomasno.gov.mk/mk/index
Исплатата на финансиската поддршка во НЛБ Банка ќе се реализира на постоечките трансакциски сметки на клиентите. При тоа со цел да ги користат средствата од финансиската помош, клиентите кои ги немаат ажурирано своите лични податоци, потребно е да ги ажурираат истите во најкус можен рок.
Ажурирањето на личните податоци клиентите можат да го направат онлине преку веб формата достапна на линкот https://bit.ly/34vsQQS или во најблиската експозитура на Банката.
Воедно, НЛБ Банка ги повикува клиентите кои немаат отворено трансакциска сметка, а се распределени за исплата во Банката, истата да ја отворат во најкус рок во најблиската експозитура на Банката.
За клиентите кои имаат блокирани сметки, Банката ќе отвори посебна наменска сметка на која ќе бидат префрлени средствата од финансиската поддршка. Со цел комплетирање на документацијата за оваа сметка, клиентите задолжително е потребно да се обратат до најблиската експозитура.
Со цел искористување на средствата од финансиската поддршка, клиентите потребно е да го запазат рокот односно најдоцна до 25.12.2020 година да извршат редовно ажурирање на податоците или да отворат трансакциска сметка во НЛБ Банка, а средствата од финансиската помош ќе може да се искористат и по 25.12.2020 година.
За сите детали поврзани околу исплатата, Банката ќе достави СМС пораки до клиентите распределени за исплата на финансиската помош, согласно расположливите контакт податоци.
За сите информации во врска со домашната платежна картичка издадена од НЛБ Банка, засегнатите граѓани можат да ја посетат официјалната веб страница www.nlb.mk, или директно да не контактираат преку социјалните мрежи.