ПОВЕЌЕ

    Кинеската економија продолжува да закрепнува

    Време зa читање: < 1 минутa

    Американскиот Волстрил журнал пишува дека кинеските економски активности продолжиле да се забрзуваат во ноември, покажувајќи тренд на целосно закрепнување, објави кинеската медиумска група (ЦМГ).

    Официјалните податоци објавени пред два дена покажаа дека главните економски индикатори, вклучително и додадената индустриска вредност, инвестициите и потрошувачката, го забрзаа растот во ноември, што доведе до зголемување на вработеноста и пад на стапката на невработеност, пишува Волстрит журнал.

    Според Централното биро за статистика на Кина, додадената индустриска вредност на Кина во ноември порасна за 7% на годишно ниво, што е најбрза стапка на раст во повеќе од две години.

    Според Ли Веи, економист во „Стандард Чардерд банка“, кинеската економија продолжи да собира „кинетичка енергија“ во ноември благодарение на претходните политики за олеснување на кредитот и силната побарувачка за извоз.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично