ПОВЕЌЕ

    Реномираната Осигурителна Компанија MassMutual инвестира 100 милиони долари во Биткоин

    Време зa читање: 2 минути

    Осигурителната компанија за животно осигурување, Massachusetts Mutual Life Insurance Co. (MassMutual) инвестираше 100 милиони долари во Биткоин како дел од нивниот  општ инвестициски фонд и со тоа стана најновата реномирана компанија која поседува  виртуелни валути, пишува Blоomberg.

    Воедно, компанијата се стекна и со малцински удел во вредност од 5 милиони долари во NYDIG, подружница на Стоун Риџ, која обезбедува крипто услуги за институционални клиенти се наведува во соопштение. NYDIG, кој веќе има над 2.3 милијарди долари во криптовалути на клиенти, ќе пружа услуги за покровителство на биткоините на компанијата MassMutual.

    MassMutual, која постои од 1851 година, е последната компанија која инвестира во најголемата криптовалута. Покрај MicroStrategy Inc. кој ги прошири своите инвестиции во монетата неодамна, и „Сквер Инк“ исто така инвестираше средства во најпопуларната криптовалута во време на растечки усвојувања и барања на институцијата.

    Инвестицијата во биткоин ќе претставува 0,04% од вкупната инвестициска сметка од скоро 235 милијарди долари на MassMutual после 30 Септември, изјавија од оваа компанија. Челзи Харати, потпаролка на MassMutual изјави за Bloomberg: “Ја гледаме оваа инвестиција како прв чекор, и како со секоја инвестиција, може да ги отвори вратите за идни можности.”

    Цената на биткоинот се зголеми повеќе од двојно оваа година и достигна рекордно високо ниво на почетокот на овој месец. Застапниците велат дека криптовалутата е еден вид на дигитално злато, која најверојатно ќе ја задржи својата вредност за време на глобалните економски маки и ќе биде еден вид на финансиска заштита од ефектите на на инфлацијата и покрај историската нестабилност на криптовалутата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично