УНИ Банка отвори слободна работна позиција:
Референт во експозитура Струмица – Дирекција Мрежа на Експозитури
Потребни квалификации:
- Диплома за завршено високо образование – предност Економски Факултет;
- Способност за работа под притисок и тимска работа;
- Познавање MS Office пакет;
- Познавање на англиски јазик;
- Изразени комуникациски вештини и желба за работа со клиенти;
- Висока мотивираност за остварување на зададените задачи;
- Вештини за презентирање;
- Поседување возачка дозвола.
Одговорност и задачи:
- Аналитичен пристап кон работните задачите и реализација во кратки рокови;
- Подготвеност за превземање одговорност и иницијатива;
- Стручно, навремено и квалитетно извршување на поставените работни задачи;
- Познавање на банкарските производи и услуги и истите да може да ги промовира предлага и продава;
- Активно учество и предлагање промотивни и продажни активности за производите и услугите;
- Учество во тековното работење на експозитурата;
- Изготвување извештаи за своето работење до Раководителот на експозитурата.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик со фотографија и мотивационо писмо на [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 26.11.2020 година.