ПОВЕЌЕ

    Потврдата за платен данок на дивиденда од Комерцијална банка достапна во електронска форма

    Време зa читање: < 1 минутa

    Отсега, пресметката за платен данок на дивиденда исплатена од Комерцијална банка АД Скопје во 2020 година за добивката остварена во 2019 година е достапна во електронска форма преку апликацијата Интернет банка.

    Корисниците (физички лица–резиденти) на електронско банкарство на Комерцијална банка, кои во исто време се и акционери на Банката, можат на едноставен и брз начин, откако ќе се најават на апликацијата, да ја симнат потврдата за платен данок. Документот се наоѓа во Главното мени, на линкот „Персонален данок“.

    На акционерите, правни лица и физички лица кои не се корисници на електронско банкарство на Комерцијална банка, потврдата за платен данок на дивиденда ќе им биде доставена во печатена форма по пошта.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично