ПОВЕЌЕ

    Германија ќе задолжи уште 160 милијарди евра

    Време зa читање: 2 минути

    Германскиот министер за финансии Олаф Шолц планира да позајми најмалку 160 милијарди евра во 2021 година за да го спречи негативното економско влијание на пандемијата.

    Тоа е најмалку 64 милијарди евра повеќе од 96 милијарди евра кои првично беа проектирани за следната година, пишува Ројтерс, повикувајќи се на извори запознати со оваа тема.

    Од дополнителниот долг, 39,5 милијарди евра се наменети за поддршка на компаниите чии бизниси се погодени од кризатa, се вели во предлог-буџетот што го објави агенцијата.

    Околу 2,7 милијарди евра ќе бидат достапни за плаќање на вакцината, а средствата за санирање на општото влијание на пандемијата се зголемени за 10 милијарди евра на 15 милијарди евра.

    Ново задолжување за спас на економијата

    Оваа година, парламентот ги суспендираше механизмите за блокада на долгот за да и овозможи на владата да преземе нов долг до 218 милијарди евра за финансирање на мерките за спасување и стимулации на економијата.

    Германија презеде невидени чекори за да им помогне на компаниите и малите бизниси да ја надминат кризата, ослободувајќи милијарди евра за да спречат понатамошни економски падови.

    Паѓа БДП

    Владата очекува бруто домашниот производ да се намали за 5,5% во 2020 година, но да се опорави за 4,4% во 2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично