ПОВЕЌЕ

    Ни претстои „должничко цунами“ на голабални рамки

    Време зa читање: 2 минути

    Глобалниот долг се очекува да порасне на рекордни 277 трилиони долари до крајот на годината, додека владите и компаниите продолжуваат да трошат пари како одговор на пандемијата, соопшти Институтот за меѓународни финансии.

    Според Институтот,  чии членови се повеќе од 400 банки и финансиски институции ширум светот, глобалниот долг е зголемен за 15 трилиони долари оваа година, на 272 трилиони долари.

    Постои значителна неизвесност за тоа како глобалната економија ќе се раздолжува во иднина, без значителни негативни импликации врз економската активност“, соопштува Институтот предупредувајќи дека се подготвува „должничко цунами“.

    Извештајот посочува дека кај напредните земји, долгот се зголемил над 432 проценти од БДП во третиот квартал, што претставува зголемување за 50 проценти во споредба со 2019 година. Соединетите држави, кои спроведоа еден од најголемите стимулативни пакети во светот, отпаѓаат на скоро половина од тој раст.

    Вкупниот долг на САД е на пат да достигне 80 трилиони долари во 2020 година, во споредба со 71 трилион долари во 2019 година. Што се однесува до еврозоната, владините активности доведоа до зголемување на јавниот долг од 1,5 трилиони долари за истиот период, за да достигнат 53 трилиони долари долг.

    Тоа е сè уште под највисоките вредности во регионот, гледано од 55 трилиони долари забележани во вториот квартал на 2014 година, кога владите се соочија со криза со јавен долг.

    Според истражувањето, нивото на долг на пазарите во развој се искачи на над 248 проценти од БДП, додека Либан, Кина, Малезија и Турција доживеаја најголем пораст на долгот на нефинансискиот сектор.

    „Стапката на глобална акумулација на долг е невидена од 2016 година, зголемувајќи се за повеќе од 52 трилиони долари“, соопшти Институтот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично