Глобалниот туризам е сериозно погоден од кризата на корона вирусот. Но, не сите земји во светот претрпеа иста штета. Најлошо поминаа оние земји кои се зависни од туризмот (на пр. Црна Гора, Кипар, Малта) или оние во кои туристите со децении трошат најмногу пари годишно.
Тоа се, пред сè, САД, Шпанија, Франција, Тајланд и Велика Британија. Следат Италија, Австралија, Германија, Јапонија и Кина. И додека туристите во Америка традиционално ги посетуваат Њујорк, Лос Анџелес или Лас Вегас, во Европа тие се Барселона, Париз, Рим, Венеција, Берлин, потоа во Азија – Токио, Хонг Конг, Шангај, Пекинг.
Се на се, во игра се светски патници во вредност од милијарди долари. Најмногу трошат Кинезите, кои беа спречени да патуваат годинава, па многу европски и светски земји останаа „лишени“ од раскошното трошење, а пред се Велика Британија. Интересно, Кинезите трошат скоро двојно повеќе годишно од Американците: 277 милијарди наспроти 144 милијарди долари.
Евидентно е и дека истите туристи се враќаат на истите дестинации неколку пати. Тие оставаат околу 214,5 милијарди долари во САД, 73,8 милијарди во Шпанија и нешто помалку во Франција. Околу 50 милијарди долари годишно во Велика Британија. Кина, која е на 10-то место, околу 40 милијарди долари.