ПОВЕЌЕ

    Стопанска Банка АД Скопје се приклучи кон кампањата за подигнување на свеста за измами при интернет купопродажба

    Време зa читање: 2 минути

    Кампањата #ПродавајБезбедно, предводена од Европол и австриската Служба за криминалистчко разузнавање, има за цел запознавање на луѓето и е-трговците како безбедно да купуваат и продаваат преку интернет, со цел заштита во пресрет на најголемата малопродажна сезона во годината „сајбер викенд“ (Black Friday, Cyber Monday и Singles Day)

    Република Македонија е една 16-те земји учеснички во годишната кампања под покровителство на Акцијата за е-трговија за 2020 година, насловена како #SellSafe (#ПродавајБезбедно) и #BuySafePaySafe (#КупувајБезбедноПлаќајБезбедно), чија цел е подигање на свесноста за измами при купопродажба на интернет.

    Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, во соработка со Европол и „Стопанска Банка“ АД Скопје, се вклучени во оваа кампања, во која органите за спроведување на законот од Австрија, Колумбија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Малта, Северна Македонија, Полска, Португалија, Романија, Шпанија, Соединетите Американски Држави се здружија со Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол  и Советот заштита на трговците од ризик (Merchant Risk Council) за да споделат практичен совет како да се надмудрат криминалците кои се обидуваат да го злоупотребат купувањето преку интернет.

    Стопанска банка АД – Скопје во своето 75 годишно постоење инвестира во едукацијата на своите клиенти, физички и правни лица со цел нивно максимално запознавање со производите и услугите кои ги користат но и мерките на заштита на своите податоци и финансии. Во услови на постоење напредни технолошки алатки Банката презема мерки за зголемена заштита и поддржува вакви кампањи од јавен интерес.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично