ПОВЕЌЕ

    Рекордни отпуштања и невработеност во Велика Британија

    Време зa читање: < 1 минутa

    Стапките на отпуштања и невработеност во Британија достигнаа рекорд во текот на третиот квартал на 2020 година, според официјалните податоци.

    Овие податоци покажуваат дека пазарот на трудот го забрза падот пред министерот за финансии, Риши Сунак, да донесе нови мерки за ублажување на последиците од Ковид-19, кои треба да обезбедат пресврт во овој тренд.

    Бројот на отпуштања се зголеми за рекордни 181,000 во рок од три месеци до септември, достигнувајќи историски врв од 314,000 работници, соопшти денеска Националното биро за статистика (ОНС), пренесува Ројтерс.

    Стапката на невработеност се зголеми, како што се очекуваше, на 4,8 проценти. Ова е највисока стапка на невработеност од ноември 2016 година, кога исто така беше забележано и нејзиното рекордно тримесечно ниво.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично