ПОВЕЌЕ

    Кина со уште понапредна технологија од остатокот од светот

    Време зa читање: 2 минути

    Кина веќе е чекор напред со уште понапредна технологија, со тоа што успешно го лансираше првиот 6G сателит во вселената за да ја тестира технологијата.

    Целта на лансирањето е да се тестира технологијата. Пионерскиот сателит беше испратен во вселената со 12 други сателити од Центарот за лансирање сателити во Таијуан, во покраината Шанси.

    Други 12 сателити беа лансирани од Центарот за лансирање сателити Таијуан во провинцијата Шанкси, пренесе „Би-Би-Си“.

    Додадено е дека ќе се тестира технологијата со огромна брзина, која ќе биде еден од основните елементи на комуникациите од шестата генерација.

    Сателитот, исто така, носи технологија што треба да се користи за следење на уништување на посевите и спречување на шумски пожари.

    Сателитот 6G беше меѓу трите кинески сателити кои беа успешно лансирани во орбитата, заедно со 10 комерцијални сателити за далечинско читање, развиени од аргентинската компанија „Satelogic“.

    Сите биле лансирани во една ракета „Long March 6“, која полетала од центарот Тајуан, пренесува Анадолија.

    Станува збор за 351-та ракета од серијата Long March, што ги развива самата Кина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично