Луѓето се збогатуваат на различни начини. Така, еден брачен пар од Англија во својата гаража нашле играчките од нивниот сосед. Тоа не биле обични играчки, туку колекција херои од серијата „Војна на вездите“, која за малку ќе завршела во ѓубре. Тие не знаеја што да прават со еден куп пластични херои и летала, кои нивниот сосед ги собираше со години, но за среќа нивниот син проценил дека можат добро да ги продадат, т.е. да вредат.
Очигледно синот бил во право, со оглед на тоа дека колекцијата е вредна 443.000 евра. Проценката ја направил експерт, кој пронашол колекција на разни играчки, собрани со текот на годините, па дури и такви кои биле во оригинално пакување и се уште не отпаковани.
„Многу играчки беа влажни поради фактот што биле во гаражата, но сепак, тоа е најубавата колекција на „Војна на вездите“ што сум ја видел“, рече британскиот експерт Крис Астон, од куќата на „Астонс аукционерс“. Тој вели дека добиваат прашања од целиот свет, во врска со колекцијата и дека не се сомнева дека продажбата ќе помине добро.
Меѓу предметите беше и командантот на Ѕвездениот уништувач, еден од авионите од флотата Галактичка империја, а колку што е познато, во оригиналното пакување има само два примерока. Истиот се продаде за околу 36.000 евра. Фигурината Јава со блескави очи беше распакувана и продадена за 30.000 евра, како една од десетте примероци во светот.
Во раните 80. години, соседот на оваа британска двојка купил фигурини од филмот Враќањето на Jедаите (1983) за само 2 евра по парче, а сега се продаваат за 1.550 евра. Фигурината на Лук Скајвокер, која беше купена како играчка за деца во 1978 година, беше продадена во 2015 година за повеќе од 21.000 евра.