Стопанска банка АД Скопје ги информира своите клиенти дека од 06.11.2020 (петок) ќе почне исплатата на средства за социјална помош.
За КОРИСНИЦИТЕ НА ПАРИЧНИТЕ ПРАВА ОД СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА предвидено е исплатата да се изврши на 06.11.2020 година (петок) и средствата за ова категорија ќе бидат достапни за корстење САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа. За корисниците од оваа група кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе етапно во 3 групи во сите отворени филијали, во работните денови на Банката во периодот од 6ти до 10ти ноември, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
– 6 ноември (петок) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
– 9 ноември (понеделник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
– 10 ноември (втрорник) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Дополнително, се изврши исплата на средства за првата група на корисници на ЦИВИЛНА ИНВАЛИДНИНА И ПАРИЧНИ ПРАВА ОД ДЕТСКА ЗАШТИТА, БОРЦИ И ИНВАЛИДИ, БЕГАЛЦИ И АЗИЛАНТИ и истите ќе бидат достапни за корстење САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа. За корисниците кои не користат дебитни картички, готовинска исплата за оваа категорија на корисници ќе се изврши етапно, во 3 групи, во сите отворени филијали, во периодот од 4ти до 6ти ноември, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
– 4 ноември (среда) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
– 5 ноември (четврток) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
– 6 ноември (петок) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Како и претходните месеци, пред се поради своја лична заштита, апелираме до клиентите да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за подигнување на нивните средства следниот месец и ќе се намали нивната потреба од користење на филијалите не само за овие приливи туку и за приливите кои следуваат додека траат мерките за заштита.
Клиентите кои ќе ги посетат нашите филијали, треба да ги следат следните препораки:
• Доследно запазување на редоследот на исплата по датум и азбучен ред
• Задолжително да се почитуваат сите превентивни мерки во насока на заштита на јавното здравје: користење на маски или марами и да се одржува меѓусебно растојание од најмалку 2 метри, за што се ангажирани и редарски службеници.
Сите клиенти корисници на социјална помош ќе бидат известени за точниот распоред на исплатата, на следните начини:
• Јавна објава на веб страната
• Известување во Филијалите (за што дополнително ќе добиете соопштенија со утврден распоред на исплата кои ќе треба да се истакнат при влезот во вашите филијали).